Вчера во култниот охридски клуб „Џез-ин“, охриѓани имаа можност да уживаат со илузијата и магијата на нашиот сограѓанин Филип Петрески.

Охридскиот уметник на бројните присутни им ги претстави своите нови трикови и вештини, а за скоро време најавува повторен настап со новиот материјал.

Инаку, зад овој млад ентузијаст, кој веќе шест години сериозно се занимава со ова необично „хоби“, а зад себе има бројни настапи ширум клубовите во земјава, официјално стои MEGA Production Ohrid.

OhridNews