Екипата на Сасуоло е најнова која во своите редови го посакува македонскиот голгетер Илија Несторовски кој настапува во Палермо.
Сасуоло во името на македонскиот репрезентативец гледаат замена за Грегориј Дефрел кој ќе се пресели во Рома до крајот на зимскиот преоден рок.
Претходно, интерес за Несторовски покажаа Наполи од Серија А и Севиља од шпанска Примера.
Со седум постигнати голови Несторовски е единствена светла точка на Палермо кој е се поблиску до испаѓање во Серија Б.
OhridNews