Во Полициската станица Центар во Скопје, вчера, во 14.50 часот, 24-годишен охриѓанец пријавил дека на улицата „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
Од страна на куче скитник, вчера, бил каснат и 57-годишен велешанец во Младинскиот парк во Велес.
Претходниот ден, во Скопје, 44-годишна охриѓанка пријави дека била касната од куче скитник, во пределот на десната потколеница. Инцидентот се случил на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.
Пријави за каснувања од кучиња скитници во МВР има секојдневно. Најголемиот број од случаите се во Скопје, но има и во останатите градови низ земјава. И покрај тоа, надлежните никако да го решат проблемот.












