Две третини од граѓаните кои вчера гласаа на референдум во швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија за забрана на носење на бурка на јавно место. Тоа е втор швајцарски кантон кој се изјаснува за забрана на бурката. Пред три години граѓаните се изјаснија за забрана на бурката во соседниот кантон Тицин.

За прашањето за носење на бурка следната година граѓаните на Швајцарија ќе се изјаснат на национално ниво.

Носењето бурка на јавни места веќе е забрането во Франција и во Данска.