Земјотрес со јачина од 5.3 степени според Европската макросеизмичка скала во 15.50 часот е почувствуван во регионот на Драч, Албанија, кој вчера утрото нешто пред 4 часот по локално време беше погоден од разорен земјотрес кој однесе десетици жртви, стотици се повредени, а предизвикана е огромна материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил 24 километри северно од Драч, во Јадранското море.

 

Попладнево во регионот на Драч се регистрирани уште два послаби потреси од 3.4 и 3.9 степени.

Во Драч и околината состојбата и натаму е критична. Спасувачките тимови интензивно ги расчистуват урнатините барајќи преживеани. Во спасувачката акција учествуваат специјализирани тимови од речиси сите земји во регионот, вклулително и од Македонија.

Инаку, утрово, силен земјотрес со јачина од 6 степени го погоди регионот на Крит во Грција. Епицентарот на земјотресот што се случил во 09.23 часот по локално време, бил на 266 километри јужно од Атина, со длабочина од 65 километри.

OhridNews
фото: ЕМСЦ