Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер вечерва во 20:15 часот ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското море, 34 километри од главниот град Тирана, на длабочина од 10 километри, а најсилно бил почувствуван во подрачјата кои беа погодени од разорниот земјотрес во ноември минатата година со јачина од 6,4 степени, кој однесе десетици животи, неколку стотини беа повредени, а предизвикана е голема материјална штета.

Нешто подоцна вечерва, регистриран бил уште еден помал потрес со јачина од 3,3 степени.

Земјотресот во Албанија е почувствуван и во некои краеви од Македонија.

OhridNews