Фудбалскиот репрезентативец на Тринидад и Тобаго, Акеем Адамс во критична состојба е примен во болница во унгарската престолнина Будимпешта, откако доживеал срцев удар на тренингот на прволигашот Ференцварош, пренесува „Макфакс“.

Дваесет и двегодишниот Адамс во текот на тренингот се пожалил на вртоглавица, па итно бил префрлен во болница. Портпаролот на Ференцварош изјавил дека лекарите веќе го оперирале Адамс, кој и натаму е во животна опасност.

Младиот одбранбен играч оваа сезона дојде во Унгарија, а во кариерата осум пати играл за фудбалската селекција на Тринидад и Тобаго.

OhridNews
извор:„Макфакс“