По повод 13-ти Ноември, денот на ослободувањето на Скопје се одржа турнир во спортско стрелаштво во гаѓање со воздушна пушка сериска програма, како и 6-от по ред Куп со воздушно оружје – меѓународна програма.
Пионерите на СК,,Охрид” ги освоија првите места постигнувајќи ги следниве резултати: Миленкоски Кирил 170 круга,Гоџоски Мартин 169 круга и Достиноски Иво 169 круга.
Кај пионерките Попоска Ирена погоди 172 кругови
На меѓународна програма Шишкоски Михаил освои второ место со резултат од 556 круга, во сениорска конкуренција.
Младинките од СК,,Охрид” Гоџоска Верица и Нина Балабан со резултати од 365 односно 363, круга во јуниорска категорија освоија 2 односно 3 место.
Апостолоски Бобан со 542, во јуниорска категорија освои 2 место, ваквите резултати ги сместија охридските стрелци на списокот за македонската репрезентација.
Неделава сите ќе бидат дел од подготовките што се одржуваат за избор на стрелците за престојните натпревари во Загреб и Белград.
Минатиот викенд во Охрид се одржа и ДП за лица со инвалидитет, a и на него охриѓани беа најдобри. Дејан Танески од СК,,Охрид,, беше најдобро пласиран во дисциплината воздушна пушка-сталак, пред Снезана Танеска во истата дисциплина. Ова е доволен доказ дека клубовите во Сојузот имаат отворени врати за сите добронамерници на овој спорт.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com