Охридскиот КК Колибри е презадоволен од организацијата на кошаркарскиот камп на кој учество зедоа преку 200 кампери од Битола Скопје, Гостивар, Струмица, Куманово, Струга и Охрид.


За време на истиот тренираа по два пати дневно, а завршницата на овој камп беше крунисана со натпреварувања во сите конкуренции, на кои камперите се здобија со вредни награди.


Тие беа почестени со присуството на поранешните македонски репрезентативци Тони Симиќ и Ефтим Богоев, кои не себично ги откриваа кошаркарски тајни и вештини.


На крај беше одигран и Ол стар натпревар тренери и промотери против најдобрите кампери,кој беше многу атрактивен со различни забивања и “нба потези“.

Ohridnews