Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализира уште една акција за чистење на крајбрежниот дел под охридското Кале.
– Иако вакви акции се реализирани во повеќе наврати во изминатиов период, сликата на крајбрежниот појас и по течението на реката Грашница се повторува краток период по реализираната акција. Речните води со себе носат огромни количини отпад, во најголем процент пластични шишиња, најлон кеси и картонски амбалажи, информираат од јавното претпријатие.
Оттаму со апел до граѓаните за поголема еколошка свест, што е во интерес на граѓаните и развојот на туризмот.
OhridNews