По неколкуте успешни изведби, сабота, 10- ти декември, охриѓани ќе имаат можност  повторно да ја проследат театарската претстава “Ни ваму, ни таму”, која е заеднички проект на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа.

Станува збор за современа приказна за една вечна македонска тема – печалбарството. Ни таму, ни ваму“- преку актерската игра, напати комична, со реплики од секојдневниот живот на двајцата случајни патници кои заглавени заради лошото време го чекаат својот лет за НАДВОР и ЗА ДОМА на еден Европски аеродром, го пренесува  емотивниот прелом по соголената животна вистина на двајцата соговорници.

Во претставата играат: Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа,  Стрезо Стаматовски.

Почетокот на претставата е во 20 часот .

OhridNews