СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пијавениот, кој бил управител и сопственик на фирма од Охрид, поставил урбана опрема без поседување одобрение за поставување маси и столици на јавна површина и без да плати соодветен надоместок на општина Охрид. На 24.06.2019 од страна на општински комунален инспектор му бил изготвен записник за извршен надзор и било донесено решение за отстранување на урбаната опрема од пред угостителскиот објект. Но, од пријавениот не било постапено по решението и тој продолжил да работи и да остварува нелегални приходи на државен имот.

OhridNews