Македонскиот стендап комичар Никола Тодороски по втор пат успеа до солзи да ја изнасмее македонската публика во Франкфурт. Минатиот викенд Никола настапи во Saalbay Gutleut салата пред бред бројна македонска публика со час и половина од неговиот стендап материјал.

Како што најавив пред да стигнам во Франкфурт очекував дека ќе имаме прекрасна вечер и така и беше. Публиката беше прекрасна уживаше во материјалот со кој се претставив, а кога ќе настане такво поврзување тоа ми дава плус енергија и шоуто станува незаборавно. Морам да се заблагодарам на целата македонска заедница во Франкфурт особено на Петар Панов наш сограѓанин кој е најзаслужен за моите настапи таму, вели Тодороски.

Додава дека показател дека задоволството е обострано е и поканата за настап во март со познатото кабаре 2 Mothers Brothers, во кое настапува заедно со колегата Стрезо Стаматовски.