Утрово, во 05 часот и 50 минути, на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид, 68-годишна охриѓанка физички била нападната, од засега непознато машко лице.
- Притоа, напаѓачот на жената и ја одзел ташната во која имало околу 8000 денари, лични документи и еден мобилен телефон марка „Хуавеј“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид, презема мерки за расчистување на случајот.
OhridNews