На магистралниот пат Охрид -Кичево, вчера, во 19.40 часот, помеѓу селата Горенци и Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобили марка ,,Волво“ со охридски регистарски ознаки управувано од 30-годишен охриѓанец, комбе „Мерцедес Спринтер“ со струшки регистарски ознаки управувано од 46-годишно лице од Охрид и „Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 33-годишно лице од Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатник во возилото комбе „Мерцедес“.
На местото на сообраќајната незгода увид извршија полициски екипи.
OhridNews
…