Своето 13 годишно постоење и активна работа во Македонија, компанијата Рамстор Македонија го одбележа на хуман начин, како партнер на Црвен крст Охрид и Одделот за трансфузија во реализацијата на крводарителска акција.

Вработените во Рамстор Македонија, предводени од регионалниот директор за продажба на Рамстор, Ayhan Caliskan, денес во Одделот за трансфузија во Охрид ја покажаа својата хуманост и висока општествена одговорност дарувајќи крв.

OhridNews