Во последниот период полицискиот билтенне преполн со нарушувања на јавниот ред и мир. Речиси да нема ноќ, а да не се случи тепачка или физички напад. 

Последниот инцидент СВР Охрид го регистрирал вечерта на 23 февруари околу 23 часот, пред угостителски објект во струшкото село Враништа,. Нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од две лица врз 22 годишен сожител.

Полицијата против напаѓачите ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews