Деновиве пристигна нова пратка помош од социјалното друштво „Св. Наум Охридски“ со седиште во Мелбурн, Австралија, наменета за геријатриското одделение при општата болница во Охрид.

Испратени се 100 комплети медицински чаршафи, кои ќе го олеснат функционирањето на одделението.

По повод Светскиот ден на хуманоста, овој август, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Австралија, исто така во одделението за геријатрија,  донираше специјални душеци, машина за перење и ги уреди подовите во дел од собите. Помошта е обезбедена со средства од членовите на Охридското социјално друштво.

Ова здружение во повеќе од тридецениското постоење редовно испраќа донации во Охрид, со што се зацрврстува нераскинливата врска на иселениците со родниот крај.

Г.М.