На X Меѓународен натпревар за гитара „Станислав Бинички“ што деновиве се одржа во Лесковац – Србија, ученичката од основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид, Анастасија Милеска, ја освои првата награда.

Милеска која е ученик во класата на професорот Александар Крстаноски, победи во конкуренција на десет натпреварувачи од Бугарија , Србија, Македонија и Словенија.

Големо признание за Анастасија Милеска












