Од министерството за здравство информираа дека синоќа починало 13-месечно бебе од тетовскиот регион, кое било заболено од морбили, а претходно не било вакцинирано.

Од министерството уште еднаш упатуваат апел до сите родители најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП-вакцината.

Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници, кое имало компликација на белите дробови.