Во текот на вчерашниот ден, на граничниот премин „Богородица“ бил пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лице од Скопје од чие возило биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека во периодот 23/24- ти август во туристичкото место Ханиоти- Грција му биле украдени двете регистерските ознаки, по што случајот го пријавил во Грчката полиција.
Со овој нов случај на украдени регистерски таблички бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно дванаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања на регистарски ознаки.
OhridNews