Сеуште не е извршена ждрепката за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а веќе ја потресе скандал.


Имено, Руфеја го обвини новиот прволигаш Гостивар дека го фалсификувал печатот за трансфер на Џихан Сефери. Руфеја случајот „Сефери“ го пријавали во Министерството за внатрешни работи од каде го потврдиле фалсификатот.

Правилата на Фудбалската федерација Македонија велат дека поради фалсификат на документи се одземаат бодови, парична казна за клубот и суспензија за играчот.

Мх.П.