Уште не сумирани в печатоците од минатата сезона екипата од „Енфилд“ мора да се соочи со проблеми за стартот од наредната сезона.


Поради повреда четири месеци надвор од терените ќе биде Даниел Стариџ. Тој се повреди на контролниот натпревар на Англија против Република Ирска.

Стариџ на „Енфилд“ пристигна од Челси во зимскиот преоден рок и за шест месеци минати во дресот на Ливерпул англискиот репрезентативец постигна 10 погодоци.

По повредата на Стариџ и суспензијата од десет натпревари на Луис Суарез менаџерот на „црвените“, Брендан Роџерс се соочува со сериозни проблеми во нападот, а единствен избор во нападот ќе биде Италијанецот, Борини.

Мх.П.