Уште непоставени, новите пластични контејнери почнаа да се уништуваат. На бул. „Туристичка“, наспроти Историски архив, нешто по 23 часот синоќа запален е еден од новите пластични контејнери. Реагирале случајни минувачи, но доцна, дното од контејнерот веќе било растопено. За среќа покрај запалениот контејнер немало ништо друго, па огнот не се проширил.


Уништен нов пластичен контејнер

OhridNews
фото: Васко Бујароски