Пет од вкупно 16 неолитски куќички предвидени со втората фаза од реконструкцијата на Наколната населба во Заливот на коските кај Градиште, се во завршна фаза на изградба. Исплетена е конструкцијата, дел од нив се покриени, а во дел се уредува внатрешноста.


Поради празниците изминатите два дена мируваше механизацијата во Заливот на коските, а работниците го искористија слободното време малку и тие да се релаксираат во прекрасниот езерски амбиент.


Според најавите реконструкцијата на Наколната населба во Градиште треба да заврши во октомври, а вкупната инвестиција се проценува на околу 3, 5 милиони евра.


Уште пет неолитски куќични се издигнаа во Заливот на коските

OhridNews