Онлајн изборот на настан – случување што ја одбележа 2011 година на OhridNews е во тек. Остануваат уште само три дена до кога може да го дадете својот глас за еден од четирите повпечатливи моменти во годината што изминува:

-Економската криза
-Одлуката на судот во Хаг за спорот со името
-Враќањето на холандските туристи, или за
-Кошаркарската репрезентација на Македонија која направи историски успех на ЕП во Литванија.

Засега најмногу гласови има за Одлуката на судот во Хаг, а веднаш зад овој настан се кошаркарските херои од Литванија.

Можете да гласате на анкетата за настанот што ја одбележа 2011 година до петок.

OhridNews