Фудбалерот Арта Туран доби условна казна од три години од судот во Турција поради инцидентот кој се случи во една болница минатата година.

Туран, кој како позајмен фудбалер од Барселона игра во Башекшехир осуден е поради пукање од огнено оружје во болница после расправијата со пејачот Беркај. Турската поп ѕвезда после тепачката со Туран завршил во болница со скршен нос а додека докторите му укажувале помош Туран испукал неколку куршуми во подот од болницата.

Репрезентативецот на Турција на обвинетелската клупа се најде за пукање од огнено оружје, за претрпен страв на медицинските лица, за нелегално поседување на оружје и нанесување на тешки телесни повреди.

Ако во следните три години, Туран, повтори ваков инцидент ќе мора да оди зад решетки и нема да има повеќе прилика да добие условна казна.

OhridNews