Усман Дембеле од Пари Сен Жермен ја освои „Златната топка“ (Ballon d’Or) за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2024/25, додека Аитана Бонмати од Барселона го доби женскиот еквивалент на истата награда — трет пат по ред.
Дембеле имаше исклучителна сезона, помогнувајќи му на ПСЖ да освои историјска прва титула во Лигата на шампионите, како и низа домашни трофеи.
Бонмати, пак, и покрај поразот на Барселона во финалето на женската Лига на шампиони, демонстрираше константност и висок квалитет, што ја прави доминантна фигура на женскиот фудбал.
Младиот талент Ламин Јамал ја освои “Кopa Trophy” за најдобар млад играч, додека Вики Лопез ја доби истата награда кај жените.
На церемонијата што се одржа синоќа во Париз, им беше оддадена почит на браќата Жота кои трагично ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Шпанија.
Г.М.