Навивач на аргентинскиот фудбалски прволигаш Бока Јуниорс е усмртен со истрели од огнено оружје при прослава на денот на навивачите на еден од најпопуларните клубови во Аргентина, пренесува „Макфакс“.

Навивачите на популарната Бока во четвртокот навечер облечени во препознатливите сино-жолти дресови се собраа во центарот на Буенос Аирес, приредиле славење и возење со воз во кој бил и 19-годишниот Рафаел Руиз, кој е усмртен од истрели од комби коешто со огромна брзина се движело паралелно со возот. Тој бил погоден во главата и градите и починал на пат кон болница.

По убиството дошло до судир меѓу полицијата и навивачите на Бока во центарот на аргентинската престолнина кога била објавена веста за убиството на момчето, при што се приведени дваесетина и две лица. Полицијата истражува дали за нападот се одговорни навивачи на друг клуб или станува збор за ривалска хулиганска банда навивачи на Бока Јуниорс.

Хулиганството на аргентинските фудбалски терени е честа појава. Во последните две години ескалираа заканите упатени кон играчите и раководствата на неколку клуба.

Невладината организација Да го спасиме фудбалот (Лет’с Саве Фоотбалл) постојани предупредува дека се зголемува бројот лица кои загинале во насилствата поврзани со фудбалот. Таа ја обвинува аргентинската фудбалска асоцијација дека направила многу малку да го сопре насилството.

OhridNews
извор:„Макфакс“