Ученици од основното училиште „Христо Узунов“ учествуваа на 62-та Школа „Млади Физичари“,што се одржа во рамки на настанот: Ноември-месец на науката ,што ја организира Друштвото на физичари на Македонија. 29 ученици се претставија со вкупно 24 изработки, демонстрации и експерименти, работејќи индивидуално или во парови под менторство на наставничката по физика Вера Зороска.
Изработките, демонстрациите и експериментите беа изложени во трговскиот центар Skopje City Mall каде што сите посетители на трговскиот центар имаа можност да ги погледнат. Сите ученици успешно ги претставија своите проекти, притоа покажувајќи широки познавања од предметот физика.
Во конкуренција на повеќе од 130 проекти од ученици од целата држава, голем број од учениците при ОУ „Христо Узунов“ се закитија со награди. Од 9-то одделение, беа нагредени: Шишкоски Кристијан-прва награда, Трифуноски Даниел-втора награда, Андрееска Елена-трета награда и Наумоска Маја-пофалница.
Од 8-мо одделение, награди освоија: Илиевска Евгенија и Исакоски Борче-втора, Абас Аделаи и Никлеска Сара-трета награда, Митрески Филип и Дукоски Виктор-трета награда и Митаноски Теофан-трета награда.
Учениците имаа можност да следат и интересни предавања во просториите на Природно-математичкиот факултет, да се дружат со врсници од целата држава со кои имаат слични интереси и на тој начин да поминат квалитетно време исполнето со наука и забава.
OhridNews












