СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од Исланд поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ во обид.
На 20-ти април, годинава, пријавениот неовластено навлегол во е-маил комуникација, изготвил фалсификувана фактура и со менување на лажни банкарски податоци, создал услови паричните средства во износ од 4.725 евра уплатени од страна на 45-годишен охриѓанец, наместо да пристигнат на сметката на неговиот деловен партнер од Србија, биле уплатени на банкарската сметка на пријавениот.
OhridNews












