На 04.03.2011 година во 20,30 часот во СВР-Охрид, К.И.И.(1992) од Ботевград-Бугарија, пријавила дека во Охрид пристигнала на 03.03.2011 година и се сместила во станот на К.Ц.Б.

Истиот ден, во доцните вечерни часови од страна на сопственичката на станот била наведувана на проституција. И договарала и наоѓала клиенти за сексуални услуги, за кои наплатувала од 2.000 до 4.000 денари. Пријавителката била наведувана да дава сексуални услуги во станот каде била сместена, станови на клиенти и хотелски објекти, за што добила околу 4.000 денари.

На 04.03.2011 година околу 12 часот, К.И.И. сакала да си замине, но била спречена од К.Ц.Б., која не ја пуштила да излезе надвор и ги зела сите нејзини предмети и документи и заедно со лицето Н.Љ. физички ја нападнале удираќи ја со тупаници и дрво. Околу 16 часот, К.И.И. успеала да избега и настанот го пријавила во СВР-Охрид.

СВР-Охрид превзема мерки за расчистување на настанот.

OhridNews