
–Охридскиот театар ќе функционира во состав на националната установа центар за култура „Григор Прличев“, а во него ќе бидат вработени пет актери и уметнички директор, за што наскоро ќе биде распишан конкурс, истакна министерката Канческа Милевска.

–Не можам да ја скријам возбудата, дека по толку години од 1954 година и после силни напори, можам со големо срце да кажам дека Охрид конечно има свој професионален театар.Тоа е за мене историски настан, рече Стојаноски.
Првата премиера на новиот театар Стојаноски ја најави за април, а од понудените проекти ќе зависат финансиските средства со кои министертвото ќе го поддржи театарот. Покрај ова, предвидено е во Охрид со свои претстави да гостуваат и другите театри од земјата.












