Сезона и пол му беше потребна на Лаутаро Мартинез да ги воодушев и маѓепса навивачите на Интер. „Нероазурите“ новопечениот аргентинскиот репрезентативец го доведоа од Расинг во 2018 година во трансфер вреден 22 милиони евра.

Зелено светло за трансфер на Лаутаро на „Џузепе Меаца“ дал Диего Милито, кој беше член на златната генерација на Жозе Мурињо која стигна до тројна круна во европскиот фудбал. Целата приказна околу Лаутаро ја откри Хавиер Занети кој момелтано е потпреседател во Интер.

Секогаш сум среќен кога зборувам за него. Одреден период го пратевме пред да го купиме. Беше еден од играчите кои ветуваа многу. Диего Милито не погреши кога ни рече дека на Лаутаро го очекува блескава кариера. Секојдневно го гледам на тренинзите и мислам дека е среќен во Интер. – изјави Занети.

Во летниот преоден рок, Интер ќе се соочи со голем предизвик бидејќи голем интерес за Лаутаро покажува Барселона. Во аргентинскиот репрезентативец гледаат идеален заменик за Луис Суарез и партнер на Лионел Меси во нападот.

OhridNews