Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ успешно се претстави и пред српската публика. Членовите на охридскиот хор неколку дена престојуваа во Врњачка бања и настапија на концертот на хорска музика „Источник живоносни”, заедно со домашниот хор „Абрашевиќ“.

Под диригентската палка на Бурим Хидри, хорот изведе неколку духовни, традиционални и современи композиции, а публиката ја изненади со изведба на македонската песна „Елено ќерко“, што наиде на овации и аплаузи.

Во рамки на гостувањето, хористите на „Вокс Лихнидос“ ги посетија и позначајните места во Врњачка бања.

OhridNews