Како единствен претставник од нашата држава беше Таеквондо тим Хваранг Фист од Охрид предводен од меѓународниот инструктор Јосифоски Ацо 4-ти дан, светски Семиконтакт шампион и Европски Теквондо шампион.
Резултати поединечно :
Стеваноски Валентин 2 место борби и 2 место форми
Симоноска Елена 3 место борби
Јосифоски Филип 1 место борби,3 место форми
Нестороска Александра 3 место форми
Јованоска Ангела 3 место форми
Симоноски Кирил 1 место борби ,1 место форми
Симоноска Емилија 1 место форми
Јовческа Слаѓана 2 место форми
Јовческа Ангела 1 место борби
Јовчески Василија 3 место форми
Велјаноска Тамара 1 место форми
Ѓорески Александар 3 место борби,2 место форми
Јованоски Борче 1 место борби,1 место форми
Ова беше последниот турнир за оваа година во нашиот календар,со напомена дека на претходните два турнира од оваа година: 24 Мај 2012 на турнирот во Нови Град,Хрватска освоивме 6 златни,5 сребрени и 3 бронзени медали. 13 Октомври 2012 на турнирот во Стара Загора, Бугарија освоивме 2 златни,6 сребрени и 7 бронзени медали
– Се на се уште една успешна година за нашиот тим,во промоцијата на нашиот град и на нашите вредности како спортисти кои својот вложен труд го наплаќаат со освојување на овие за нас големи победи – истакнуваат од клубот.