Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација имаше успешен почеток на претквалификациите, откако на гостински терен во првата рунда славеше со 74-66 (23-22, 21-8, 15-13, 15-13) против селекција на Словачка.
„Црвено жолтите“ со квалитетна и сигурна игра ги добија сите четири периоди и покажаа дека местото им е ранг погоре во квалификациите, а во претквалификациите за пласман на следниот континентален собир.
Фантастичен меч во дресот на Македонија одигра Ричард Хендрик, кој постигна 21 поен, а додаде уште 14 скокови. Капитенот Војдан Стојаноски застана 20 со дополнителни 6 асистенции, а идентичен број на поени вкупно осум имаа Дарко Соколов, Стојан Ѓуроски и Дамјан Стојановски.
За три дена во Скопје избраниците на селекторот Јорданчо Давитков силите ќе ги одмерат со селекцијата на Швајцарија.
Фото:Гол.мк
OhridNews