21 854 ученици од завршните години од 96 средни училишта, меѓу кои 642 матуранти од охридските средни училишта, во текот на вчерашниот ден полагаа екстерни тестови.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, го оцени целиот процес како успешен, истакнавајќи дек е задоволен од начинот на кој се одвивало екстерното тестирање.

Чекорите кои ги презедовме во насока на унапредување на овој процес вродија со плод. Особено денеска, на полагањето на вториот предмет од екстерното оценување, немаше ниту една забелешка или пријавено каков било проблем од учениците, набљудувачите, тестаторите, администраторите на процесот. Ова се ученици кои всушност, се тестираат вторпат, зошто беа трета година лани кога тестирањето првпат се спроведе. Овојпат прашањата им беа познати, беа речиси еден месец јавно достапни, а од сугестиите и забелешките беа извршени и одредени корекции.“ – рече Ристовски.

Инаку, останатите ученици, од трето одделение до трета година средно, екстерно ќе бидат тестирани на крајот на учебната година.

OhridNews