Јавната Установа Национален парк Галичица успешно ја заврши 2013 година, соопшти управата на паркот.

Сите предвидени активности со планот за работа се успешно завршени, заштитата е подигната на повисоко ниво што резултира со тоа да бесправните дејствија во границите на паркот се намалени за 50% во однос на 2012 година. Со поставување на европските нормативи за заштита од пожари паркот немаше ни една интервенција во своите граници. – соопшти јавната установа.

Од паркот се задоволни од соработката со месното население како и однесувањето на посетителите особено во однос на заштитата и грижата кон природното наследство.

-Мора да се истакне за тоа дека клучен придонес имаа активности на вработените на паркот во правец на подигнување на јавната свест на населението преку разни средби, отвореноста кон медиумите и пред се отвореноста за соработка со посетителите и населението. Доказ дека Националниот паркот се движи по патот на европските паркови е и видната зголеменост на посетителите низ целата територија на паркот. Веќе се почесто се користи паркот за рекреација од страна на населението, а има и зголемена посетеност на местата кои се изградени за таа цел. – се наведува во информацијата.

Од НП Галичица истакнуваат дека двата информативни центри, во Охрид и Стење , бележат голема посетеност како од домашни така и од странски туристи но и училишни и научни установи.

-Во моментов во тек и измена на Нацрт Планот за Управување со паркот со кој се предвидува формирање на развојни туристички зони, во Отешево, Стење, Љубаништа, изградба на скијачки центар, како и изградба на експресниот патен правец Охрид – граница со Република Албанија, а се со цел за зголемување на бројот на посетителите. соопшти јавната установа.

НП Галичица учествува во проектот на парковите од Динарската верига и е член на Еуропарк, федерацијата на европските паркови. Од паркот додаваат дека од оваа определба и начинот на кој се работи ќе продолжи и понатаму се со цел поголема туристичка афирмација на само на паркот, туку и на општината и државата.

OhridNews