Во текот на вчерашниот ден Црвен крст Охрид во соработка со службата за трансфузија – Охрид и СВР Охрид реализираа успешна крводарителска акција.
Акцијата се одржа во просториите на СВР Охрид, а на истата крв даруваа 17 крдводарители.
Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, велат од Црвен крст- Охрид.
OhridNews












