На 24 и 25 април во посета на Крагуевац Р. Србија и Градскиот сојуз на школски спортски друштва од Крагуевац беа претставници од Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ. Повод за посетата е оддржувањето на вториот по ред Спортско летен камп Охрид 2017 и идното учеството на децата од Крагуевац на кампот. На состаноците помеѓу преставниците на општината и градскиот сојуз со Асоцијацијата на спортови беше договорено и оваа година најуспешните спортисти и ученици од Крагуевац да бидат дел од Летниот камп како награда за нивното залагање и труд во текот на изминатата година. Задоволството од учеството на првиот камп резултираше со зголемување на бројот на деца така што бројката од 25 од минатата година ќе се зголеми на 50 оваа година. Претставниците на Асоцијацијата не го криеа задоволството од успешната посета на Крагуевац.
– Градот Крагуевац , луѓето од Крагуевац од секогаш биле пријателски расположени спрема Охрид и охриѓани, тоа го покажувале во многу наврати до сега убеден сум тоа ќе го покажуваат и во иднина. Кога на таков темел ќе понудите проект ( Спортско летен камп ) кој со својот квалитет, визија и професонализам одскокнува од другите тогаш е многу нормално да се роди соработка која на наше задоволство ја продолжуваме и прошируваме и оваа година. Од мое лично име и од име на Асоцијацијата на спортови би сакал јавно да им се заблагодарам за приемот и гостопримството кое го имавме од страна на општина Крагуевац и Градскиот школски сојуз посебно на нивниот претседател г-дин Драган Сретеновиќ. – изјави првиот човек на Асоцијацијата, Иван Цветкоски.
Вториот по ред Спортско летен камп Охрид 2017 ќе се одржи од 10 до 16 јули.
OhridNews