Богатата култура, историја, традицијата и природните убавини биле главните адути со кои Македонија била претставена на интернационалниот саем за туризам Tavel Turkey, кој од 4-ти до 7-ми декември 2014 година се одржуваше во Измир,Турција. 

-Посетителите покажаа голем интерес за туризмот во Македонија. Беа остварени бизнис средби со поголеми тур оператори од Турција како : Cansu Varlik – Mika Tour, Emre Tunc – Pronto tour, Tolga Tekin – Jolly Tours, Deniz Taftaf – Shino Tour и други. Сите овие тур оператори веќе прават балкански тури во кои ја вклучуваат и Македонија, но беа заинтересирани и за тури само во Македонија како и за поддршката што ја нудиме преку субвенионирање на тур оператори за организиран туристички промет во државава, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Свое учество на македонскиот штанд имале и повеќе македонски туристички агенции кои на туристичките работници од Турција, Европа и светот им понудиле квалитетни понуди и атрактивни туристички производи од Македонија.

-Македонскиот штанд беше посетен и од голем број новинари од областа на туризмот меѓу кој и Оzhan Yigitler кој има своја туристичка емисија на национална телевизија во Турција и беше заинтересиран за промовирање на Македонија преку видео записи. Исто така штандот го посети и новинарот Deltef Rohlfs кој што ги промовира сите природни и културни богатства на патот Виа Игнатиа, информираат од АППТ.

Саемот за туризам Travel Turkey, оваа година бил домаќин на околу 900 изложувачи од 34 различни земји и над 30.000 посетители.

OhridNews