Овој викенд, во Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид, ќе се одржи едукативна манифестација „Мотивациски викенд“. Целна група се младите, а учесниците ќе се обидат со своите излагања да ги отивираат нив да работат на себе на приватен и професионален план. Исто така „Мотивацискиот викенд“ ќе ги запознае младите со неформалното образование и ќе понуди вештини потребни на секој млад човек, велат организаторите.

Предавачи се успешни личносто во своите области, меќу кои и познати имиња од јавниот живот, како музичарот Владимир Четкар, писателот Сашо Димоски, уметникот Марта Пејоска, Александра Шекутковска, основач на платформата за истражување во урбан дизајн, архитектура и дизајн The URB CLV, Александра Димитриеска, маркетинг менаџер, Аница Палацо – професор по германски јазик и економски консултант, Павел  Донески, политиколог и Ана Темелкоска експерт за финансии, банкарство, изработка на банкарски софтвер.

-Се работи за волонтерски, партнерски проект на група ентузијасти, членови на невладината организација “Виа Данте” од Охрид и “Локален совет на млади” при општина Охрид. Настанот е посветен на Тоше Проески, и сите помалку познати херои од нашето секојдневие, луѓе со добра мисла, несебични примери на хуманост и посветеност, кои не обврзуваат да го продолжиме нивниот пат на светлината, во градот на светлината. – информираат организаторите. 

Настанот ќе трае два дена и е отворен карактер, а на него можат да учествуваат сите заинтересирани млади. Отворањето е во сабота во 16 часот, а работниот дел ќе трае до 20 часот, додека во недела предавањата ќе започнат во 16, а ќе завршат во 18 часот.

OhridNews