Како што информираат од заводот, во текот на изминатите два месеца, колку што траеше изловувањето на охридската пастрмка за потребите на мрестот, обезбедени се потребните зрна икра за добивање подмладок пастрмка, неопходни за одржување на природниот минимум на овој загрозен ендемски вид риба.
Од страна на Хидробиолошкиот завод и Инстутот за сточарство- Скопје, кој преку мрестилиштето во с. Шум го изведува вештачкиот мрест во струшкиот дел од езерото, обезбедени се 1,9 милиони зрна икра.
Изловот на пастрмката за потребите на вештачкиот мрест започна на крајот од месец јануари, при што беа ангажирани 17 рибари, како и 6 рибочувари кои ги обезбедуваа трите пункта каде се вршеше риболовот на пастртмка во Охрид, Пештани и Трпејца.
Вештачкиот мрест на охридската пастрмка финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а се одвиваше под надзор на Државниот инспекторат за земјоделство.