Денес на Одделот за гинекологија и акушерство во Општата болница во Охрид беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи, информираат од болницата.
Утерусот кај пациентката беше енормно наголемен и целосно туморозно променет. Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез при што дополнително го комплицираше случајот. Предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, беа поставени уретрални сонди, велат од болницата.
Оперативниот тим бил предводен од Спец. Др Мимоза Влаши и Спец. Др Горан Балевски, Спец. Др Јован Недевски, Спец. Др Александар Јовановски, инструментарки сестра Милена Типовска, сестра Јасмина Ончева и сестра Милена Стојкоска и болничар Наташа Младеновска.
Од болницата велат дека овој тежок оперативен зафат траел повеќе од 2 часа, а на пациентката ѝ посакуваат брзо опоравување.
OhridNews












