Ракометниот клуб Енхалон успешно го организираше ракометниот турнир за млади категории „Енхалон Куп Вевчани 2017“ кој се одржа изминатиот викенд во спортската сала Владо Попески во Вевчани.
На турнирот покрај екипи од Струга и Охрид настапи екипа од Бјелина, Босна и Хецервина, а вкупно 300 дечиња во машка и женска конкуренција продефелираа на турнирот.
– Иднината на македонскиот ракомет е преку организација на турнири од ваков карактер, ова е нов проект на клубот на кој главен акцент ќе имаат младинските категории и мини ракометот. Ракометната федерација на Македонија потребно е да вложи во ваков проект за да имаме квалитетна ракометна база која ќе им овозможи прогрес на сите клубови во Македонија кои работат со млади категории. – рекоа организаторите.
Првото место во ракомет на стандардни димензии му припадна на тимот Металург- Сани победувајќи ја екипата на Енхалон во финалето. Третата позиција ја зазеде Охрид, додека четвртата Стружанка. Во мини ракомет триумфираше екипата на Бјелина, откако во финалето го совлада тимот на Металург-Сани. Домаќинот на турнирот Енхалон заврши на третата позиција, а Стружанка на четвртата позиција.
OhridNews