Подготовките за најновото, 51- во издание на Струшките вечери на поезијата течат забрзано и се одвиваат во најдобар ред, информираат Управниот одбор и директорот на СВП, Мите Стефоски.

За реализирање на годинешната програма обезбедени се финансиски средства од министерството за култура, како и средства од спонзори, а потврдено е доаѓањето на над 60 странски истакнати гости, меѓу кои и неколкумина кандидати за други светски книжевни награди, како на пример Нобеловата. Програмата е дефинирана, забрзано се работи на подготовката на изданијата, на подготовките на новите атрактивни локации на кои ќе се одвиваат содржините, како и на изработка на сценографијата, се со цел и годинава да имаме уште едно успешно издание на Струшките вечери на поезијата, вели директорот на СВП, Мите Стефоски.

Наградата  „Златн венец“ на 51- те Струшки вечери на поезијата годинава ќе оди во рацете на  јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероти.

Добитник на наградата „Мостови на Струга“ за најдобар поет-дебитант која фестивалот ја доделува заедно со УНЕСКО е францускиот поет Франсоа Ксавие Мегр.

OhridNews