Охридските занаетчии задоволни од посетата на штандот, кој на вчерашната манифестација „Богојавление – Водици“ беше поставен на кејот во централното градско подрачје.

Со различни видови рачно изработени производи, на еден начин охриѓани и туристите се запознаа со вековното богатство, кое со децении се изработува во градот.

Претседателот на Регионалната занаетчиска комора Охрид, Сашо Богоески,  задоволен од промоцијата и заинтересираноста пројавена кај илјадниците граѓани.

Во иднина сме спремни да подржиме разни манифестации, каде занаетчиството ќе се промовира како културно богатство.“ – вели Богоески.

Исто така, рачно изработен дрвен крст, доби фаќачот на крстот Јован Бабаче. Подарокот беше доделен од страна на РЗК Охрид, како донација од занаетчискиот дуќан „Ателје Фармаковски“.

О.Т.