Основното училиште „Кочо Рацин“ беше дел од успешно реализираниот интернационален проект „Ноќ со Андерсен“, поддржан од министерствата за култура на Чешка и Словачка. Идејата потекнува од 2000 година од чешка библиотека, а оваа година за првпат се вклучија и училишта од Македонија, благодарение на Весела Богдановиќ светскиот учител и амбасадор.

Целта на проектот е запознавање со голем број бајки, поттикнување на желбата и интересот на учениците за читање, унапредување на вештините за читање, користење и селекција на достапни ресурси на оригинален и забавен начин.

Во рамки на активностите во ОУ „Кочо Рацин“ се изврши запознавање на учениците со животот и делото на Х.К.Андерсен, беа презентирани неговите бајки, а се одржаа и низа креативни техники со изработка на илустрирани омилени ликови  од бајките на авторот. Основците беа во посета и на градската библиотека каде се одржа натпревар во изразно читање,погоди ја бајката. Активностите опфатија и изработување на кукли од рециклирана амбалажа со омилените ликови од бајките, маски за завршната драмска претстава-Грдо пајче во модерен стил.

Реализатори на активностите беа Виолета Петковска, Ивана Рилкова Томоска, Наташа Неданоска.

OhridNews