Акцијата која викендов ја спроведе Ј.П.”Охридски Комуналец” наиде на одличен одзив од граѓаните од населбата Даљан.

Како што информираат од јавното претпријатие, во акцијата биле подигнати,транспортирани и депонирани околу 13 метри кубни кабаст и зелен отпад.



– Ваквите акции се прават со цел граѓаните полесно да се справат со ваквиот вид отпад. Ј.П.”Охридски Комуналец” планира и во иднина да спроведе ваков вид акции и во другите делови на Општина Охрид, за што граѓаните ќе бидат благовремено известени преку медиумите, велат од ЈП Комуналец.

OhridNews